Gazelle business 4WD

ПОСВЕТЕНИ “OFF-ROAD” ПЕРФОРМАНСИ

Високите агли на предниот и заден препуст овозможуваат поминување низ препреките без никаков контакт и заштита на браниците од оштетување. Малото меѓуоскино растојание и широките управувачки агли, овозможуваат одлично маневрирање на возилото (мал круг на вртење)

ВИСИНА ОД ТЛО ДО ВОЗИЛО

Висината од тлото до возилото обезбедува одлични теренски перформанси и овозможува лесно движење низ дупки при голема брзина, одлично движење по снег и песок и лесно преминување преку паднати дрва и гранки во шумски предели.

ПОВРЕМЕН ПОГОН НА СИТЕ ЧЕТИРИ ТРКАЛА

Системот за повремен погон на сите четири тркала е прилично едноставен механички систем, со огромна сигурност во екстремни ситуации и лесен за одржување. Повремениот погон на сите четири тркала го прави возилото повеќенаменско, за возење по пат и надвор од пат (OFF-ROAD) и обезбедува стабилни теренски перформанси на меки и нестабилни почви.

ЗАВИСНА СУПСЕНЗИЈА

Gazelle Sobol користи зависна суспензија со задни федери и цврста попречна осовина што овозможува долг век на користење, отпорност на удари во тешки услови, загарантиран постојан клиренс од 170мм, едноставен ремонт во случај на јак судар и ниски трошоци за одржување.

РЕДУКТОР

Редукторот овозможува возилото да се движи со мала брзина при голем вртежен момент и моќност на моторот со што се зголемува брзината на вртење на тркалата при преминување на препреки како дрва, камења, мека и нестабилна почва, мраз, песок и вода.

БЛОКАТОР НА ДИФЕРЕНЦИЈАЛ НА ЗАДНА ОСКА

Овозможува значително подобрување на теренските перформанси, поготово на тешките патишта со лизгави површини, меката и нестабилна почва и максимална ефикасност на тркалата кога диференцијалот е блокиран. (Вртежниот момент се пренесува на двете оски со 50/50 дистрибуција).

ТРАНСМИСИЈА

Gazelle Sobol користи класична трансмисија со заден погон која има големи предности во однос на предниот погон и тоа добро пробивање, мал радиус на вртење, одлично однесување на лизгави патишта, подобар старт од место на угорница при празно и натоварено возило. Максимално едноставно префрлање на погон на сите четири тркала.

РАДИУС НА ВРТЕЊЕ ДО 6,5m

Овозможува маневрирање на возилото при ограничени градски и приградски услови (шумски предели, тешко пристапни патеки, патишта со остри свиоци, итн.)

ПРОДНОСТ НИЗ ВОДА ДО ДЛАБОЧИНА ОД 500mm

Овозможува преминување на водени препреки кои на подножјето имаат тврда основа, при брзини до 20 km/h.

“OFF-ROAD” Гуми 225/75R16

Повеќенаменски и максимално издржливи гуми со “off-road” перформанси и високо отпорни на абење кога се возат на сув асвалт, песок и нечистотија.

ШТО Е СЛЕДНО?

Како овластени застапници на ГАЗ комерцијалните возила – ние ги имаме одговорите на сите прашања. Контактирајте нè!