Просторнaта камионска шасија со U профили овозможува транспорт на сите видови на товар и прилагодување на секоја бизнис програма. 3те различни врати за утовар овозможуваат максимален пристап до карго просторот и го олеснуваат процесот на утовар.
Cummins – дизел мотор
Cummins е лидер во производството на дизел мотори со голема моќност. Cummins е носител на последните светски инженерски трендови. Зафатнина од 2800 цм3 и моќност од 120 коњски сили.
Evotech – бензински мотор
Evotech бензинскиот мотор е развиен од ГАЗ Групацијата во партнерство со Tenergy – водечката компанија за развој и инженерство на мотори од Јужна Кореа.
Evotech – бензински мотор во комбинација со CNG/LPG
Evotech бензинскиот мотор во комбинација со метан (CNG) или со течен нафтен гас (LPG) може да ви заштеди до 3000 евра годишно за трошоци за гориво.
Gazelle Next им овозможува на возачи со било каква градба и висина да се чуствуваат удобно “како дома”, благодарение на прилагодливиот серво волан со удобност како на патничко возило.
Новиот систем на управување со хидраулична асистенција од познатиот производител ZF го подобрува управувањето и стабилноста на возилото на нерамните патишта.
Новиот дизајн на удобните сигурносни појаси од компанијата TAKATA овозможуваат врзување на возачот дури и кога тој е во обемна зимска облека.
Gazelle Next доаѓа со нов ABS систем од 9-та генерација на компанијата Bosch. Опционално може да се опреми и со ESP систем.
ШТО Е СЛЕДНО?
Како овластени застапници на ГАЗ комерцијалните возила – ние ги имаме одговорите на сите прашања. Контактирајте нè!