Gazelle
next

КОМФОРНА 
КАБИНА
Кабината на Gazelle Next е комфорна и просторна. Различни карактеристики на NEXT кабината вклучуваат одлична ергономија и внимание на деталите.

НИШИ, ПОЛИЦИ И ПРОСТОР ЗА ЧУВАЊЕ РАКАВИЦИ

Gazelle Next моделите имаат голем број на ниши, полици и прегради со што овозможуваат складирање на сите лични работи на возачот внатре во кабината. Опционално може да се инсталира и таванска конзола и дополнителни прегради во вратата.

ИНСТРУМЕНТ
ТАБЛА

Инструмент таблата, изработена од мека пластика располага со патен компјутер што дава информации за основните параметри на возилото. Светлото на патниот компјутер на инструмент таблата може да се прилагоди во јачина.

АУДИО
СИСТЕМ

За удобноста на клиентите, дури и основната опрема на моделите е со подготовка за радио и со два звучници. Времето поминато на патот, клиентите ќе го уживаат со модерен аудио систем со USB порт и контролни копчиња на воланот.

ЕЛЕКТРИКА НА ПРОЗОРИ И НАДВОРЕШНИ РЕТРОВИЗОРИ

Основната опрема на Gazelle Next моделите содржи електрика на прозори произведени од компанијата Brose со оптимална брзина на отворање/затворање од 5-6 секунди.
Загреаните странични ретровизори обезбедуваат одлична видливост дури и при силен мраз. Електриката на ретровизори овозможува прилагодување на задната видливост во секое време.

УДОБНО ВОЗАЧКО СЕДИШТЕ

Удобно возачко седиште со подобрена анатомска подршка со пет нивоа на прилагодување е уште една предност на NEXT моделите. Оптималната цврстина и форма на седиштето ви овозможува да седите удобно зад воланот. Благодарение на ова, возачот не се заморува дури и на долги патувања.

Удобност во половината, потпирачот за рака и греењето на седишта овозможуваат максимална удобност.

ЛАДЕЊЕ И ГРЕЕЊЕ

Високо ефикасен клима уред од производителот Delphi, обезбедува одлични перформанси за ладење и греење во кабината, како и одмрзнување на шофершајбната. Ефективната вентилација и филтерот во кабината ги чистат штетните гасови. Современ ладилник кој се состои од два посебни елементи значително ја зголемува ефикасноста на системот за ладење со што се спречува прегревање на возилото.

УПРАВУВАЧ

Gazelle Next им овозможува на возачи со било каква градба и висина да се чуствуваат удобно “како дома”, благодарение на прилагодливиот серво волан со удобност како на патничко возило.
Новиот систем на управување со хидраулична асистенција од познатиот производител ZF го подобрува управувањето и стабилноста на возилото на нерамните патишта и заедно со одличната апсорпција на системот за суспензија овозможуваат удобно преминување на дупки на патот.

ШТО Е СЛЕДНО?

Како овластени застапници на ГАЗ комерцијалните возила – ние ги имаме одговорите на сите прашања. Контактирајте нè!