Сопствениот дизајн на задната суспензија вклучува нова генерација на попречни пружини и амортизери од познатиот производител Mando, со модифицирана шема на прицврстување кои овозможуваат поголема стабилност и непречено функционирање во ситуации кога возилото е целосно натоварено.
Телото на Gazelle Next моделите е направено од 68 целосно галванизирани челични елементи и 16 пластични елементи, што овозможува гаранција против корозија од 8 години со неограничен број на поминати километри.
Системот на сопирање на Gazelle Next поседува трикратно безбедносно и ефикасно ниво на сопирање. Сопирачките произведени од компанијата Mando и ABS систем произведен од компанијата Bosch. Диск сопирачките обезбедуваат максимална ефикасност при сопирањето при кратко растојание за запирање.
Интегрираниот управувачки систем од ZF со хидраулична асистенција во основната обвивка обезбедува одлично ракување и исправно движење по нерамни патишта, елиминирајќи ја потребата за прилагодување на управувачот.
Засилената (камионска) рамка овозможува употреба на возилото во секакви услови и отпорност при зголемена тежина на товар. Задната оска кај Gazelle Next моделите е со дупли тркала што овозможува еднакво однесување на возилото кога е празно и целосно натоварено.
ШТО Е СЛЕДНО?
Како овластени застапници на ГАЗ комерцијалните возила – ние ги имаме одговорите на сите прашања. Контактирајте нè!